МХЕ Тополки: Немаме никаква поврзаност со притворот на вработените од Министерството за транспорт и врски
Друштвото МХЕ Тополки најостро ги демантира неточните информации и лажните конструкции на поврзувањето на притворот на вработените од Министерството за транспорт и врски со работата на Друштвото МХЕ Тополки, објавени на денешната прес конференција на портпаролот на ВМРО ДПМНЕ Наум Стоилковски со што бараме јавно извинување.
Лажните наводи за поврзувањето се апсолутно неточни, тенденциозни и се намерно изјавени со цел да се предизвика штета на угледот и честа на друштвото, како и на безбедноста и нормалното тековно работење согласно законот.
Појаснуваме дека согласно Законот за градежно земјиште, службеникот кој ја води постапката за давање на долготраен закуп за изградба на објекти од јавен интерес е должен и обврзан по автоматизам да побара мислење од Државното правобранителство. Оваа постапка нема никаква врска со лажните наводи за поврзување со притворот на вработените.
Оваа постапка за долготраен закуп се води на електронски начин, така што странката и органот кој ја води истата имаат целосен увид во текот на дејствијата. Појаснуваме дека органот кој ја води постапката, односно службеното лице има побарано мислење од Државното правобранителство на 30 јули 2019 година, многу покасно од датумите за притворот и нема врска со истиот.
Според Договорот за концесија за вода за изградба на мала хидроцентрала од 2015 година (склучен со Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ) и издаденото Одобрение за градба од Министерство за транспорт и врски од 2016 година, изградбата на малата хидроцентрала МХЕ Тополки се извршува етапно во последователни фази каде што процесот се одвива според преземените обврски согласно Договорот за концесија од 2015 година при што секој чекор и преземена активност е јавна и транспарентна.
Со изјавувањето на груби невистини од страна на портпаролот на ВМРО ДПМНЕ за Друштвото МХЕ Тополки, се врши невидена тортура врз нормалното законско работење на Друштвото МХЕ Тополки, без никаква одговорност за нанесената штета криејќи се зад прашалната форма Дали…каде не констатира и тврди туку инсинуира со намера да наведува на невистинит заклучок и да прави голема штета на друштвото.
Секоја понатамошна невистинита информација или инсинуација со цел поврзување на Друштвото МХЕ Тополки со кој било тековен случај и судски процес, ќе подлежи на преземање правни мерки од страна на друштвото со цел да го заштитиме угледот и честа на Друштвото и на управителот и да го спречиме ширењето невистини и неточни информации.
Се надеваме дека ова не е демократијата за која се залага ВМРО ДПМНЕ со вршење тортура врз законското работење на приватните фирми во државата како Друштвото МХЕ Тополки.
Ново на Сител
-
Рекорден пад на невработеноста, но расте и бројот на вработени на црно
-
Тема на денот со Павле Трајанов, лидер на Демократскиот сојуз
-
Тројка надеж – во Клиниката Жан Митрев на свет донесени три предвремено родени бебиња во 31 гестациска недела
-
Одобрено е обвинението за случајот „Онкологија“, судењето дополнително ќе биде закажано
-
Од 200 повредени во пожарот во Кочани 12 се уште се на болничко лекување, 1 и понатаму е во тешка состојба
-
Салиу: Не сум виновен за трагедијата
-
ВМРО-ДПМНЕ бара истрага за Филипче
-
Георгиев: Нема и не може да има дополнителни услови и барања за пристапувањето на Македонија