МФ: Аукциите законски, Наумов шири невистини за политички поени
Министерството за финансии во реакција на денешното соопштение на дополнителниот заменик министер за финансии Кире Наумов истакнува дека аукциите на државни хартии од вредоност се законски и оти Наумов шири невистини со цел политичко поентирање.
- Владата на почетокот на годината носи одлука за максималниот износ за аукции на државни хартии од вредност. Тоа е максималниот лимит кој не смее да се надмине. Сепак, сумата на издадените хартии од вредност може да биде помала од овој лимит во согласност со износите на буџетот. Со ребалансот износот на аукции на државни хартии од вредност не е зголемена, туку е намалена – значи таа е во рамки на одлуката на Владата за максимален износ, наведува Министерството за финансии.
Со оглед дека со аукциите годинава се издадени државни хартии од вредност кои се неколкукратно помали од лимитот предвиден и со одлуката на Владата и од лимитот предвиден со ребалансот – што може секој граѓанин да го провери на веб страната на Министерството за финансии, се додава во реакцијата, очигледно е дека соопштението на Наумов е со политичка цел, односно да алудира дека Министерството работи неправилно и непрописно како би добил одредени политички поени во овој период.
Ново на Сител
-
Почина Инес, јагуарот од скопската ЗОО
-
247 санкционирани возачи денеска во Скопје, еден возач лишен од слобода за безобзирно возење
-
Тошковски: МВР ќе постапува против секој за кој постојат докази дека сторил кривично дело
-
Вучиќ верува дека следната недела ќе биде избрана новата влада во Србија
-
Папата Франциск неочекувано се појави на плоштадот Свети Петар и ги поздрави верниците на Цветници
-
Кривична за штипјанец, возел со 1.5 промили алкохол
-
Исчезнато 15-годишно девојче од скопско Кадино
-
Коцевски: Досега нема ниту еден доказ дека било побарано продолжување на лиценцата на „Пулс“ од актуелниот министер за економија