Метин Фејзиоглу: Претседателскиот систем на Ердоган ќе доведе до „султанат“
Новиот устав, кој претседателот Реџеп Таип Ердоган се обидува да и го наметне на Турција, во пракса земјата ќе ја претвори во „султанат“ и ќе стави крај на демократијата, изјави претседателиот на Сојузот на турскиот адвокатски колегиум, Метин Фејзиоглу, јави ДПА.
- Во нашите книги има специјален термин за тоа, тоа се нарекува султанат, рече Фејзиоглу денеска во Анкара.
Во моментов Парламентот е во процес на усвојување на уставните измени за воведување на претседателски систем, откако 18 члена беа одобрени со неопходното мнозинство од три петини во првото читање, а седум од нив веќе се одобрени и во второто читање.
Иницијативата на владејачката Партија на правдата и развојот е поддржана од крајнодесничарската Партија на националистичко единство, но двете партии заедно немаат доволно гласови за да го изменат Уставот без референдум.
Ердоган и раководството на Партијата на правдата и развојот сметаат дека пакетот уставни реформи, кој ќе создаде силна извршна власт, ќе помогнат во стабилизацијата на Турција. Противниците на мерките сепак сметаат дека тие ќе му наштетат на механизмот на контрола меѓу властите на државата и оти власта ќе биде сконцентрирана само во една институција.
- Може да се побара целосно укинување на поделбата на власта, рече Фејзиоглу и додаде дека новиот систем би довел до „нестабилност и хаос“.
Ново на Сител
-
Интерпелацијата на Гаши пред пратениците
-
Вработените во МАНУ повторно го активираат штрајкот
-
Видео надзор во три средни и пет основни училишта
-
Инсталација на паметни водомери во три пилот општини
-
Преглед на вестите од светот
-
Ќе ја преживее ли Гаши интерпелацијата во Собранието
-
Тема на денот со Африм Гаши, претседател на Собранието
-
Почна учебната година – 245 илјади основци и средношколци се вратија на училиште