Меси: Ова што го направи Аргентина е лудо
Капитенот на аргентинската фудбалска репрезентација Лионел Меси ги сподели своите емоции откако се пласираа во финалето на Копа Америка 2024.
Во полуфиналето на турнирот кој се игра во САД, Аргентинците ноќеска ја победија репрезентацијата на Канада со резултат 2:0. Средбата се одржа на стадионот Медоулендс во Ист Радерфорд.
– Ова што репрезентацијата на Аргентина го направи и продолжува да го прави е лудо. Импресивно е што репрезентацијата и нејзината стара гарда стигнаа до уште едно финале. Овој Куп на Америка е исклучително тежок, огромно натпреварување, лоши терени, интензивна жештина, изјави Меси за „ESPN“.
Меси беше прогласен за најдобар играч на полуфиналниот натпревар од Купот на Америка помеѓу Аргентина и Канада. Триесет и седумгодишниот напаѓач постигна гол на овој натпревар во 51. минута.
Противник на Аргентина во мечот за трофејот ќе биде поуспешниот од дуелот Уругвај – Колумбија (почеток 2 часот по полноќ).
Ново на Сител
-
Тема на денот со Александар Кржаловски
-
Филипче: Родовите прашања се сведуваат на прашања за доминација, тоа е погрешно
-
Интервентни мерки во вторник за поевтина храна, најави премиерот
-
Најави за странски инвестиции
-
Полициските контроли резултираа со намален број на интервенции на сообраќајки на Брзата помош
-
Тошковски: Селективната примена на закони ја загрозува правдата
-
Мицкоски: Победуваме на локални, имаме предност од 4:1
-
Мицкоски бара јавен притисок за промени во Судскиот совет