Фудбал
22. May 2017 - 18:12

Меси најдобар стрелец во Европа

 
Фудбалската сезона која полека изминува за Аргентинецот Лионел Меси е лоша екипно, но не и индивидуално.
 
Меси во првенството постигна 37 голови и ја освои „Златната копачка“ за сезоната 2016/2017.
 
Аргентинецот постигна два гола во победата над Еибар (4-2) и потврди дека оваа сеозна е најдобар стрелец на Стариот Континент.
 
Зад Меси се пласираа голгетерот на Спортинг Лисабон, Бас Дост (34), Пјер-Емерик Обамејанг од Дортмунд (31), Роберт Левандовски од Баерн (30) и Хари Кејн од Тотенхем (29).
 
Месо оваа награда веќе ја има освојувано во 2010, 2012 и 2013 година.
 
Инаку, Аргентинецот со клубот оваа сеозна остана без трофеите во Ла Лига и Лигата на шампионите, а ќе има можност да го освои трофејот во Купот на Шпанија. Барселона во финалето ќе игра против Алавес.