Фудбал
28. March 2016 - 13:35

Меси го фали Рајкард

Лионел Меси 2004-тата година дебитираше во тимот на Барселона кога на клупата седеше Франк Рајхард. 

Аргентинецот стана мега ѕвезда под водството на Гвардиола но потенцира дека најважен тренер во неговата кариера е токму Холанѓанецот:
„Од сите тренери научив по нешто но секако најважната улога ја има Рајкард кој веруваше во мене и ми даде шанса уште кога бев млад. Да не ја добиев таа шанса кој знае дали ќе го достигнев денешниот статус“- потенцира Меси. 
Тој истакна дека ги сака Англискиот и Италијанскиот фудбал но не може да се види себе си во друг клуб сем Барселона за која одигра 522 натпревари и постигна 460 голови.
Меси со Каталонците освои 7 титули во Шпанија и 4 пати беше европски првак. 
Пет пати беше најдобар фудбалер во светот и е најдобар стрелец во историјата на Примера.