Меси е бр.1 за изминатава деценија во топ 5 првенствата на Европа
Бисерот на Барселона – Лионел Меси е најдобар во топ 5 првенствата во Европа за изминатава деценија во три важни фудбалски компоненти – голови, асистенции и победи, соопшти неговиот клуб.
Помеѓу 2010 и 2019 година, Барселона забележа 289 победи, од кои во 260 учествува Меси. Ова го става на прво место во оваа категорија меѓу играчите на Премиер лигата, Ла Лига, Серија „А“, Бундеслига и Лига 1. По него следи неговиот тимски колега Серхио Бускетс (260 победи), додека Жерард Пике се наоѓа на петтото место со 219 успеси. Меѓу нив се Кристијано Роналдо (244), Томас Милер (228) и Карим Бензема (исто така со 219).
За изминатата деценија,Болвата има постигнато 369 голови во шампионатот. Од 34 ривали во Ла Лига во последните 10 сезони, стрелецот нема постигнато само против Херез, а „омилени жртви“ му се Севиља и Валенсија, против кои има 24 и 22 голови, соодветно, во шпанската елита. Најдобрите шест во овој ранг се надополнети со Кристијано Роналдо (335 погодоци), Единсон Кавани (223), Роберт Левандовски (221), Луис Суарез (210) и Серхио Агуеро (198).
„Ла Пулга“ не сака само да постигнува гол, туку и да подава. Ова лесно можете да го видите во табелата на асистенти, на која води со 136. Вицешампион во оваа листа е неговиот сонародник Анхел Ди Марија (108 асистенции), а потоа следуваат Месут Озил (106), Томас Мулер (103), Кристијано Роналдо (95) и Давид Силва (94).
Барселона, исто како и Меси, е прва по голови и победиво најсилните европски првенства. Каталонците имаат 1.060 голови и 289 победи од 2010 година.
Ново на Сител
-
Јанев: Полицијата е првата линија на одбрана на сообраќајната култура
-
За 5.1 проценти зголемен прометот во Трговија на мало со непрехранбени продукти, освен гориво
-
Земјотрес со јачина од 4,6 степени го погоди Неапол и околината
-
Лани евидентирани 757 дивоградби, речиси сите се во приватна сопственост
-
Конзулатот е во комуникација со семејството на починатото девојче во Италија, велат од МНР
-
Во Милан очекуваат ветеранот Лука Модриќ да има лидерска улога во тимот
-
Николоски: Планина поместивме да го изгрaдиме експресниот пат од Фариш до Дреново
-
Сар: Израел е заинтересиран за воспоставување дипломатски односи со Сирија и Либан