Балкан
24. February 2017 - 9:04

Мештаните на ова село живеат во страв: Умираат сите на кои името им почнува на С...

Прво Станојко, па Слободан, па Стојан, па Свето. Потоа Столе, па настана страв меѓу мештаните на селото Горње Кординце, во Србија, каде умираат сите мажи на кои името им почнува на буквата С. 

- Почина Слободан, Стојан...сите кои почнуваат на С. Почнаа да кружат гласини дека селото е проклето, сето тоа на почетокот личеше на шега, но потоа сфативме дека не е. За десет дена умреа многу мажи на кои името им почнува на С, велат мештаните.

Селанецот вели дека соседите на кои името им почнува на С размислуваат да си го сменат името, бидејќи се плашат за својот живот.

Оваа приказна за пренесе српскиот Курир.