Меркел загрижена поради израелские населби на Западниот брег
Германската канцеларка Ангела Меркел изјави денеска дека е загрижена поради изградбата на израелски населби на Запдниот Брег.
Таа оцени дека со тоа се продрива напредокот кон решение за две држави - за Израел и палестинските територии.
- Како и претходно, не гледам разумна алтернатива на целта за воспоставување решение за две држави. Многу сум загрижена од развојот на настаните на Западниот Брег, кој води кон ерозија на темелите на решението за две држави, изјави Меркел пред состанокот со палестинскиот претседател Махмуд Абас во Берлин.
Израел гради населби на територијата на Западниот брег и во Источен Ерусалим, територии кои Израел ги зазеде во војната од 1967 година и ги држи под своја контрола речиси 50 години, а на кои Палестинците сакаат да формираат своја држава и своја престолнина.
Ново на Сител
-
Украина собори 34 од 55 руски беспилотни летала
-
Бугарија доби нова редовна политичка Влада, предводена од Росен Жељазков
-
Македонец со 1,13 промили направил сообраќајка во Вараждин, удрил во 59 годишен Унгарец
-
Биле надвор од државата а земале плата од општината, директор на комунално во Гази Баба обвинет за проневера
-
Лапорта убедлив: Араухо се предомисли и останува во Барселона
-
Салах се поблиску до Саудиска Арабија
-
Снегот го зголеми нивото на реките
-
Заврши новогодишната кошничка