-->
-->
Меркел нема да го лимитира бројот на бегалци во Германија
-->
Германската канцеларка ја отфрли можноста да постави горна граница на бројот на бегалци кои што Германија ќе ги прима секога година, како што бараше нејзиниот партнер , сестринската партија ЦСУ од Баварија.
„Во врска со прашањето за горна граница мојата позиција е јасна. Не прифаќам лимитирање на бројот на бегалци“, изјавила Меркел за германската телевизија АРД.
Лидерот на Христијанско - Социјалната Унија на Баварија (ЦСУ) Хорст Зехофер денеска изјави дека неговата партија ќе се обиде партиското барање за максимални 200 илјади бегалци годишно да го претвори во реалност. Можноста Меркел од септември повторно да биде канцелар најмногу зависи од баварските конзервативци на Зехофер.
Горниот лимит останува приоритет за ЦСУ“, изјавил Зехофер според кого сепак ова прашање нема да биде причина за конфликт во сестринската коалиција, пренесува дописникот на МИА од Берлин.
Прашањето за горната граница на бројот на бегалците е втората кавга во сестринската конзервативна коалиција по разликите за законот за хомосексуални парови кој беше усвоен пред десетина дена.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Тема на денот со Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Македонија одбележува 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Димитар Апасиев за изборната програма и ветувањата на Левица
-
Велигденската трпеза годинава поскапа од лани
-
Охрид полн со гости