Меркел му испрати писмо на Рама: Германија и ЕУ ќе ве поддржат во овие тешки моменти
Германската канцеларка Ангела Меркел испрати писмо до албанскиот премиер , Еди Рама, каде што пишува дека со голема вознемиреност ја примила веста за земјотресот во Албанија, посебно, бидејќи настрадаа многу лица.
-Почитуван премиере, со голема вознемиреност ја примив веста за земјотресот во Албанија, каде што животот го загубија многу луѓе и имаше многу повредени. Сакам да изразам мое жалење и да испратам сочуство до Вас. Нашите мисли се со жртвите и настраданите. Јас знам за болката што вие и вашето семејство ја чувствувате. Изразуваме длабоко жалење за вас и за луѓето во Албанија кои ги загубиле своите најблиски како последица на земјотресот. Се надеваме дека повредените што побрзо ќе оздрават. Германија и Европската Унија ќе ве поддржат во овие тешки моменти,се наведува во писмото на Меркел.
Во меѓувреме во објавата на Твитер, претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен, наведува дека комуницирала со премиерот Еди Рама за ситуацијата создадена по трагичниот земјотрес што ја зафати земјата, додавајќи дека ЕУ е на страната на Албанците.
Лејен пишува дека комесарот за управување со кризи Јанез Ленарчич ќе допатува во Албанија в среда за да се информира за ситуацијата.
Ново на Сител
-
Почина Инес, јагуарот од скопската ЗОО
-
247 санкционирани возачи денеска во Скопје, еден возач лишен од слобода за безобзирно возење
-
Тошковски: МВР ќе постапува против секој за кој постојат докази дека сторил кривично дело
-
Вучиќ верува дека следната недела ќе биде избрана новата влада во Србија
-
Папата Франциск неочекувано се појави на плоштадот Свети Петар и ги поздрави верниците на Цветници
-
Кривична за штипјанец, возел со 1.5 промили алкохол
-
Исчезнато 15-годишно девојче од скопско Кадино
-
Коцевски: Досега нема ниту еден доказ дека било побарано продолжување на лиценцата на „Пулс“ од актуелниот министер за економија