Свет
6. February 2017 - 22:53

Меркел ќе бара „допирни точки“ со Трамп

Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека ќе бара „допирни точки“ со администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп „каде и да е можно тоа" и покрај несогласувањата по миграциската забрана на Трамп, јави БТА. 

- Ќе се обидеме да најдеме „допирни точки“ насекаде каде што е можно, изјави Меркел пред новинарите на политичкиот форум во Минхен.

Германската канцеларка ја истакна важноста на НАТО и ја призна потребата на Германија да работи повеќе во областа на одбраната. 

- Ќе ги разгледаме едно по едно прашањата по кои можеме да се координираме и по кои имаме различни погледи. Во интерес на Германија е да се зајакнат согласувањата по прашањата за кои веќе се согласуваме, забележа Меркел.