Менди ќе отсуствува еден месец поради повреда
Левиот бек на Реал Мадрид, Ферланд Менди ќе отсуствува од три до четири недели. Причина за ова е повредата на мускулот на левата нога, која Французинот ја заработи на вчерашниот реванш осминафинален дуел во Лигата на шампионите против Атлетико Мадрид.
Овој натпревар беше 200-ти за Менди во дресот на Кралскиот клуб. Французинот беше заменет со Фран Гарсија во 83. минута од натпреварот на „Цивитас Метрополитано“.
- По извршените тестови денеска, на Ферланд Менди му беше дијагностицирана повреда на мускулот на тетивата на левата нога, се вели во соопштението на клубот.
Од „Бернабеу“ не прецизираа до кога Французинот ќе закрепнува, но според шпанските медиуми тој ќе пропушти најмалку четири натпревари на Реал Мадрид.
Целта е да биде подготвен за првиот четвртфинален натпревар од Лигата на шампионите против Арсенал, кој ќе се одигра на 8 април. Доколку се оствари попесимистичката прогноза, Менди ќе биде подготвен на 16 април.
Ново на Сител
-
Наместо данок за невенчани, владата да обезбеди повисоки плати и подобар стандард, велат од Реактор
-
Утре ВМРО-ДПМНЕ ќе го објави кандидатот за градоначлник на Скопје
-
СДСМ: Дебакл на надворешна политика
-
Медали за сите 7 вина на Монтеко на престижниот вински натпревар Декантер
-
Лицата со телесен инвалидитет бараат адаптирана плажа
-
Кој антички град се крие помеѓу прилепските села Волково и Прилепец, дали тоа е можеби градот Пелагонија?
-
Продажбата на ФК Брегалница – Штип, ги скара власта и опозицијата во градот
-
Преглед на вестите на светот