Менаџерот на клубот Готик: Матеј Периш и пријателите немаа никакви инциденти
Немало никакви инциденти во ноќниот клуб вечерта каде Матеј Периш бил со пријателите пред да исчезне, јави еден од менаџерите на клуб Готик. Тој објасни дека Матеј и пријателите немале никакви инциденти. Ниту тоа друштво, ниту другите гости.
„Слушнав некои небулозни приказни за Матеј како го држат во подрумот на клубот, но, луѓе, тоа е голема глупост. На снимката од камерата јасно се гледа дека тој истрчал oд клубот. Впрочем, еден од пријателите на Матеј подоцна во неформален разговор ми призна дека нема замерки за времето поминато во клубот“, изјавил менаџерот, пренесува белградски Курир.
„Клубот не работи по исчезнувањето на Матеј. На сите им беше тешко тоа што му се случи но апсурдно е да ни се препише дел од вината за тоа. Слушнав дека некој објавил дека Веља Невоња ни го држи обезбедувањето на клубот, што секако не е точно“, додава менаџерот на клубот.
Инаку, ноќта меѓу 30 и 31 декември во Белград исчезна 27-годшниот Матеј Периш.
Ново на Сител
-
Вучиќ: Тајван е Кина и точка
-
Одбележување на годишнината од масовното убиство во Мало Орашје и Дубона
-
Во Пустец откриена спомен-биста на Гоце Делчев
-
Во црквата „Св. Спас“ одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Тешка сообраќајка во Прилеп: Се судриле камион и мопед, возачот на камионот избегал
-
Нова авиолинија Скопје-Рига-Скопје
-
Кривична пријава против две лица, расчистени 4 кривични дела, одреден притвор
-
За изборите на 8 мај акредитирани 1078 домашни и 770 странски набљудувачи