Менаџерот на Арсенал заразен со коронавирус
Менаџерот на Арсенал, Микаел Артета е заразен со коронавирус. Ова беше соопштено по резултатите од тестовите извршени вчера, објави клубот.
Веднаш беше донесена одлука за затворање на лондонската клупска база. Сите луѓе кои имаат било каков контакт со менаџер на „топџиите“ ќе бидат ставени во карантин, додаваат од Арсенал. Ова се однесува на апсолутно сите играчи и тренерскиот персонал на англиската екипа.
– Разочарувачки е. Го направив тестот откако се почувствував лошо. Штом ќе ми дозволат, ќе се вратам на работа, рече Артета.
Непосредно пред веста за состојбата на шпанскиот стратег, Премиер лигата објави официјално соопштение дека натпреварите од шампионатот ќе продолжат според планот.
Сепак, по настанот, најверојатно, ќе бидат стопирани спортските настани во земјата. За денес е закажана средба на раководството во Премиер лигата, по што ќе биде јасно дали ќе има какви било натпревари за време на викендот.
Ново на Сител
-
ВО ЖИВО: Како да се заштити Скопје од криминалните банди?
-
Тема на денот со Панче Тошковски, Министер за внатрешни работи
-
Компаниите и владата мора заедно да работат за дигитална трансформација
-
Четири јавни дебати за реформи на Судскиот совет
-
Нов обид за убиство на Раде Штекли – бомба одекна во Ќерамидница
-
Убиство од небрежност
-
Почна собраниската дебата за буџетот за 2025
-
Директорите незаконски си ги зголемиле платите додека Пошта тоне во длабока финаниска криза