Бизнис
17. October 2024 - 16:38

Мемов: Пари за пензии ќе има, ќе предложиме низа мерки за намалување на дупката во Фондот

Пари за исплата на пензии ќе има, а новото раководство на ПИОМ ќе и предложи на Владата низа мерки за намалување на дупката во Фондот, кажа на брифинг со новинарите директорот Никола Мемов.

За линеарното зголемување од 2.500 денари, пензионерите добија 11% плус на своите сметки, вели Мемов, а доколку се одеше со процентуалниот модел, покачувањето би било само 4%.

Со ваквото золемување, до март Фондот треба да исплаќа дополнителни 14 милиони евра секој месец - пари кои ќе ги покрива државата.

Целта на линеарното зголемување што го направивме во септември беше да обезбедиме подобар животен стандард за пензионерите, но и да ги намалиме разликите меѓу највисоките и најниските пензии во државата“ – Никола Мемов, директор на ФПИОМ

Директорот на Фондот соопшти дека нивната каса догодина ќе тежи околу 2,2 милијарди евра, а дефицитот ќе изнесува околу 27 отсто.

Овој дефицит не е од недомаќинско работење, туку е резултат на економските политики на сите досегашни влади насочени кон економски раст и отворање на нови работни места“ – Никола Мемов, директор на ФПИОМ

Следното линеарно зголемување од 2.500 пензионерите ќе го добијат во март догодина.

Во Македонија има околу 340 илјади пензионери, а секоја година околу 3 илјади граѓани заминуваат во пензија.