Мемети со осуда за случувањата во Собранието
Народниот правобранител Иџет Мемети најостро ги осудува вчерашните случувања и упадот во Собранието на Република Македонија, насилството врз пратениците и новинарските екипи. Истовремено го критикува непрофесионалното и селективно постапување на Министерството за внатрешни работи.
- Примената на двојни аршини во работата на овој орган, ги потврди констатациите на Народниот правобранител за длабоката партизираност на ова Министерство, што е за секаква осуда. Народниот правобранител ја критикува инертноста на полициските службеници кои видно од вчерашните снимки, иако беа присутни не реагираа, и дозволија насилство, а новинарите беа попречени во вршење на својата работа и беше повредена слободата на медиумите, се наведува во соопштението.
Според Мемети насилството не е метод за решавање на недоразбирањата и несогласувањата каде било, а особено не во Собранието. - Недозволиво е органот чија основа надлежност е обезбедување на сигурноста на граѓаните да направи сериозни пропусти, со што ги загрози животите на присутните во Собранието на РМ, додава тој.
Народниот правобранител повикува Министерството за внатрешни работи да се воздигне над партиските интереси и на ефикасен и професионален начин да ја извршува својата функција во најдобар интерес на граѓаните.
Народниот правобранител повикува на разум и апелира сите чинители, особено лидерите на политичките партии да се одважат и на јасен и недвосмилен начин да го осудат и да се дистанцираат од насилство и самовоиле, со што истовремено ќе овозможат формирање на институциите без насилство, а во интерес на граѓаните.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Боби Бојчевски, координатор за здравство на КСОМ
-
Владата и банките ќе ги продолжат преговорите за каматата од унгарскиот кредит за фирмите
-
СДСМ: Владата ги зголемува непродуктивните трошоци - Мицкоски: Сите капитални инвестиции ќе се завршат
-
Предвремено родените бебиња се мали херои за вработените на Гинекологија!
-
Раната детекција клучна за карциномот
-
Петровска: Немам амбиција да сум дел од раководството на СДСМ
-
Што ги тера возачите да дивеат на улиците?
-
Наколната населба во Дојран една од најбогатите и најразвиени на Балканот