Мемеди: Зголемен бројот на дечиња со респираторни инфекции во Детската клиника
Директорот на Детската клиника Реџеп Мемеди информира дека во нивната клиника е зголемен бројот на пациенти со респираторни и цревни инфекции.
- Во овој дел од годината доминираат сезонските вируси кои се почести. И тоа е скоро секоја година во овој дел од годината. Имаме зголемен број на пациенти со респираторни симптоматологии и цревни инфекции кои се третираат на нашата клиника и ја добиваат потребната нега, рече Мемеди при денешното промовирање на апаратури во Детската клиника.
Министерот за здравство и претседател на Алијансата за Албанците која е дел од владината коалиција „Вреди“, Арбен Таравари денеска ги поздрави најавите на американскиот претседател Џозеф Бајд
Директорот Мемеди нагласи дека работат со полн капацитет и се обидуваат максимално да направат правилна тријажа и потешките пациенти да ги задржат на болничко лекување.
И Институтот за јавно здравје во својот извештај за периодот од 30 декември 2024 до 5 јануари годинава посочува дека е зголемен бројот на заболени од грип. Од вкупно 331 заболени, 101 се деца на возраст од 5 до 14 години и 42 деца на возраст од 0 до 4 години.
На новинарско прашање околу подготвувањето на стратегијата за аерозагадувањето, министерот за здравство Арбен Таравари истакна дека Министерството повеќе ги разгледува прашањата во кои загадувањето на воздухот прави штета на здравјето на пациентите.
- Тоа го работат експерти. Меѓутоа, во Министерството за здравство имаме екипа која што подготвува такво нешто. Меѓутоа сепак тоа не е цел баш само на Министерството. Ние ги разгледуваме повеќе тоа што загадувањето прави штета на здравјето на пациентите, рече Таравари.
Ново на Сител
-
Почнува судењето на францускиот хирург обвинет за силување на стотици деца под анестезија
-
Четврти ден се трага по Миле Тодоров од Неготино
-
Намален бројот на работници во индустријата
-
Историски максимум на цената на кафето арабика на берзите
-
МОН: Јаневска на самит во Будимпешта, ќе се продлабочува соработката помеѓу Западен Балкан и Унгарија
-
Георгиев: Годинава нема заедничко чествување на Гоце Делчев
-
Околу 600 вработени во централата на УСАИД во Вашингтон добија забрана за влез во Агенцијата откако Маск најави нејзино затворање
-
Во средните училишта се спроведува проект за популаризација на воената професија