Мексико: Деветти новинар убиен од почетокот на годината
Дописник на локален весник беше застрелан во јужниот дел на Мексико, јавија тамошните медиуми.
Тоа е деветтото убиство на новинар во земјата од почетокот на годината.
Марио Гомес (35), работел за весникот „Ералдо де Чиапас“. Тој е убиен кога излегувал од својот дом во населбата Јахалон, во јужната мексиканска држава Чиапас, од каде бил дописник на дневниот весник
Гомес веќе осум години работи за „Ералдо де Чиапас“, следејќи ги јавните, политички и судски настани. Неодамна тој се пожалил дека добива закани, изјави анонимен извор од редакцијата на весникот.
Според невладината организација „Репортери без граници" Мексико е втората најопасна држава за извршување на новинарска дејност по Сирија.
Над 100 претставници на медиуми беа убиени во Мексико од 2000 година. Повеќето од тие злосторства без пресуди
Ново на Сител
-
Колку пациенти добиле пролонгирање на хируршка интервенција?
-
Надоместок од 3000 денари за несовесните граѓани кои ги оштетуваат рампите
-
Преглед на вестите од светот
-
Teма на денот со д-р Марјан Шокаровски, Државна Кардиохирургија
-
Почна полагањето на државна матура, првпат во ходници и сали
-
Премиерот и 6 министри седат на две столчиња
-
Почна полагањето на државна матура, првпат во ходници и сали
-
Алармантно предупредување во скопските училишта: Постои тренд на самоповредување кај учениците