Мексико: Четири лица загинаа во тропската бура „Лидија“
Во тропската бура „Лидија“, која го погоди мексиканското летувалиште Лос Кабос, загинаа четири лица, едно се води како исчезнато, а голем број куќи и улици се поплавени, соопштија денеска локалните власти.
Бројот на жртвите би можел да се зголеми, бидејќи спасувачките екипи се уште ги пребаруваат уништените куќи во селата.
Градоначалникот на Лос Кабос, Артуро де ла Роса Ескаланте изјави дека две лица настрадале при струен удар, една жена се удавила во надојдената вода, а исто така и едно бебе го загубило животот.
Државниот секретар за туризам Луис Џенеро Руиз истакна дека околу 20.000 странски туристи останале „блокирани“, бидејќи авиокомпаниите ги откажаа летовите во оваа област.
Се претпоставува дека околу 1.400 жители ги напуштиле своите домови поради бурата.
Американскиот Национален центар за урагани соопшти дека „Лидија“ вчера наутро го зафатила копнениот дел, а подоцна во текот на денот се намалила нејзината јачина.
Истовремено, над Атлантикот се појави ураганот „Ирма“ од трета категорија, кој се движи во правец на Карипското Море. Метеоролозите предвидуваат дека „Ирма“ може да биде исклучително опасен ураган, но засега не е издадено никакво предупредување.
Ново на Сител
-
Првиот пациент се врати во Македонија
-
Наместо да ги чува 24/7, тоа го правел само една смена - 5 осомничени за злоупотреба на јавен тендер во ЈПДП
-
Првиот пациент се врати во Македонија
-
Тема на денот со Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи и надворешна трговија
-
Заложничка драма во Прилеп
-
Минималната плата ќе се зголеми согласно законот и ќе изнесува 24.400 денари
-
130 психолози работат со ученици и возрасни за надминување на колективната траума
-
Пролетната зелка во наредните десет дена ќе се откупува по цена од 40 денари