Мексикански конгресмен ја покажува апсурдноста на ѕидот на Трамп
Мексиканскиот конгресмен Браулио Гера се качи на оградата изградена долж границата со САД за да покаже дека граничниот ѕид на американскиот претседател Доналд Трамп е „непотребен и целосно апсурден“.
Конгресменот од државата Керетаро на Твитер објави фотографии и видео снимка на кои се гледа како седи на оградата висока околу 10 метри.
- Би било едноставно да скокнам во САД, што ја покажува непотребноста и целосна апсурдност од изградбата на ѕидот. Лесно е и покажува колку е непотребен овој проект, оваа политичка реторика на Доналд Трамп, изјави Гера.
На една од објавените фотографии има уште две лица како седат на ѕидот. Гера тврди дека ѕидот е лесен за качување.
Еј-Би-Си њуз наведува дека Гера не објавил фотографии или видео снимка како се качува на ѕидот, а некои корисници на Твитер го поставија прашањето како тој се качил на оградата и колку тој потфат навистина е лесен.
Ново на Сител
-
Пуштена во употреба спортската сала во Радовиш
-
Се е подготвено за Вевчанскиот карневал
-
Преглед на вестите од светот
-
Александар Камбовски избран за претседател на Судскиот совет
-
Се уште се трага по уште едно лице по сообраќајката во Рашче
-
Охрид најавува година на капитални инвестиции
-
Пренатрупаност во прилепскиот затвор
-
Преглед на вестите од светот