-->
-->
Мексиканската полиција открила 60 масовни гробници
-->
Полицијата во мексиканската сојузна држава Гуереро, открила 60 масовни гробнци, трагајќи по 43 студенти, кои се водат како исчезнати од септември минатата година.
Мексиканските медиуми кои го пренесуваат ова полициско откритие , добиена од властите, врз основа на законот за слободен пристап до службените информации, пишуваат дека се пронајдени 129 трупови, но дека ниту еден не е поврзан со исчезнатите студенти.
Големо мнозинство од најдените мртви тела им припаѓаат на мажи, но меѓу нив се пронајдени и трупови на 20 убиени жени.
Полицијата верува дека бројот на масовните гробници во оваа јужна мексиканска сојузна држава, во периодот меѓу октомври во минатата и мај во оваа година, би можел да биде многу поголем.
Студентите по кои се трага беа од Колеџот за учители во Гуереро. Пред десет месеци, 43 од нив отпатувале со автобиси во градот Игуала, за да учествуваат на еден протест.
Но веднаш по пристигнувањето, биле уапсени од локалната полиција, а подоцна предадени на една нарко банда, која сите ги ликвидирала.
Тројца припадници на бандата, уапсени минатата есен, признаа на сослушувањето дека сите студенти биле убиени, потоа запалени, а останките од нивните мртви тела биле расфрлани во реките во регионот.
Бандитите признаа дека студентите им биле предадени од полицијата во Игуала, но ооткрија дека притоа настанала тешка грешка, затоа што стидентите биле погрешно идентификувани како припадници на една друга, ривалска криминална банда.
Верзијата на тројцата бандити, меѓутоа, се уште не може официјално да се потврди, затоа што не е најдено ниту едно од телата на студентите.
Нивнитот случај предизвика бројни протести во оваа сојузна држава, но и низ Мексико, на кои демонстрантите го изразуваа својот гнев поради соработката на властите и на полицијата со криминалните банди.
Властуте во меѓувреме ги уапсија градоначалникот на Игуала, осомничен дека знаел за извршената размена. Шефот на локалната полиција кој им ги предал студентите на криминалците, се наоѓа во бегство.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Си пред посетата на Србија го критикуваше НАТО за бомбардирањето на Белград во 1999 година
-
ЕУ одобри шест милијарди евра за Балканот, Рама: Историски момент, кој внесува нов импулс во процесот на проширување
-
Девизните резерви во април зголемени за 41,9 милиони евра
-
Анонимна пријава за случаи со поткуп од политичка партија во Кичево
-
Во Делчево денеска гласаат 222 болни и изнемоштени лица за претседателските и парламентарните избори
-
Советот на ЕУ го усвои првиот закон за борба против насилство врз жените
-
И во Шпанија студентите подготвуваат протести против Израел
-
Претреси во Охрид поради фотографирање избирачки список и гласачки ливчиња