-->
-->
Мексиканската полиција егзекутирала 22 лица во ранч
-->
Мексиканската полиција измачувала и егзекутирала 22 лица во ранч во западната држава Мичоакан во текот на минатата година, соопшти денеска Националната комисија за заштита на човековите права.
- Истрагата утврди мноштво нарушувања на човековите права од страна на владините сили, посочи претседателот на комисијата Луис Раул Гонсалес Перес.
Според властите, убиените били членови на нарко картел, кои се криеле на ранч во Танхуато.
Државата Мичоакин, која се наоѓа на околу 300 километри западно од Мексико, се смета за една од земјите со најголем број на насилства и центар на континуираната нарко-војна меѓу различни картели.
Мексиканската полиција ги отфрла обвиненијата и тврди дека дејствувале во самоодбрана откако биле нападнати.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Пентагон соопшти дека почнала изградбата на привремено пристаниште во Појасот Газа
-
Ненад Димитријевиќ прогласен за МВП во ВТБ лигата
-
Од денеска поскапува регистрацијата на возилата
-
Мета: Победата на професорката Давкова ќе биде уште поубедлива
-
Протести во Венеција против туристичката такса - Судир на полицијата со демонстрантите
-
Кривична пријава за жител на Росоман за посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи
-
Таравари демантира дека вчера имал тајна средба со Ахмети, на која добил понуда од него
-
Во германските продавници пронајдени се над сто килограми кокаин во пратките со банани