Мекалистер: Членството на Србија во ЕУ зависи од добрите односи со Приштина
Известувачот на Европскиот парламент за Србија, Дејвид Мекалистер изјави дека преговорите за членство на Србија во ЕУ бараат постојано движење кон подобри односи со Косово, а тој процес треба постепено да води кон нормализирање на односите меѓу двете страни, со тоа што ќе можат да ги остваруваат своите права и да ги исполнат своите обврски.
- Нормализирањето на односите треба да биде во корист на државјаните на Србија и Косово и тоа е од суштинско значење за зачувување на мирот и стабилноста во регионот, истакна Мекалистер, поздравувајќи ја иницијативата на српскиот претседател Александар Вучиќ за придвижување на дијалогот по ова прашање.
Известувачот на ЕП за Србија нагласи дека ЕУ нема да ги форсира ниту Белград, ниту Приштина да преземат иницијатива, оценувајќи дека „одржлива нормализација на односите никогаш нема да биде постигната со сила, туку само со согласност од двете страни“.
Ново на Сител
-
Галичник недостапен за новогодишните празници, снегот од патот неисчистен
-
Пандев спортски директор на националните селекции, Најдоски и Ибраими советници на Омерагиќ
-
Десетици илјади на протести во Белград и во Ниш
-
Без струја утре делови од Аеродром, Сарај и Кисела Вода
-
Традицијата продолжува, блесна новогодишната елка под вода
-
Заплена и апсење за пиротехника
-
Германските имиграциски власти предупредувале за осомничениот од Магдебург
-
По 24 пат накитена новогодишната елка во водите на Охридското Езеро