Меј: Преговорите за Брегзит ќе бидат комплицирани
Премиерката на Велика Британија Тереза Меј изјави дека сака да го олесни Брегзит, но дека преговорите за излегување на таа земја од Европската унија ќе бидат комплицирани.
- Сакам да видам дека процесот тече што е можно полесно. Тоа ќе биде комплицирано бидејќи има толку многу работи со кои треба да се избориме, рече Меј за „Фајненшл тајмс“.
Меј истакна и дека ЕУ не сака и други земји да излезат од неа, оценувајќи дека поради тоа преговорите би можеле да бидат тензични.
На прашањето за односите со германската канцеларка Ангела Меркел, Меј одговори дека е битно да се изградат цврсти врски со сите 27 земји членки на ЕУ.
- Сметам дека е важно да изградиме врски и со останатите кои седат на европската маса. Има 27 земји членки кои ќе учествуваат во преговорите, додаде британската премиерка.
Долниот дом на британскиот Парламент синоќа со големо мнозинство го поддржа планот на Владата за почеток на преговорите за излез на земјата од ЕУ до крајот на март следната година. „За“ оваа одлука гласале 461 пратеник, додека 89 биле „против“.
Опозициската Лабуристичка партија поднесе предлог, во кој ја повикува Владата да го претстави својот план за напуштање на ЕУ, пред да биде активиран Членот 50 од Лисабонскиот договор и да започне официјален процес за Брегзит.
Владата го прифати тој необврзувачки предлог, но за возврат побара од пратениците да го почитуваат резултатот од референдумот и да ја поддржат временската рамка за Брегзит.
Ново на Сител
-
Цените на угостителските услуги во јануари на годишно ниво повисоки за 5,8 отсто
-
Каматната стапка на благајничките записи се намалува, останатите каматни стапки остануваат непроменети
-
Стабилно време со студени утра во наредните денови
-
При претрес кај 20-гoдишник пронајден калашников
-
Автомобил удрил во 66-годишна жена, завршила со тешки телесни повреди
-
ЈО: Претреси на повеќе локации - сомнежи за мито и проневери во службата
-
Акција: МВР врши претрес во зградата на МВР
-
Приведен екс директорот на СОЗР - се вршат претреси во неговиот дом