Свет
29. November 2017 - 22:54

Меј оствари средба со кралот Салман

Британската премиерка Тереза Меј вечерва пристигна во Саудиска Арабија и оствари средба со саудискиот крал Салман и неговиот син, престолонаследникот Махамед бин Салман.

Саудиските медиуми јавија, дека таа со кралот Салман, престолонаследниот Мохамед бин Салман и други саудиски претставници разговарале за билатералните односи меѓу двете земји и средствата за нивно зајакнување, покрај дискусијата за случувањата во регионот.