Меѓународни награди за солистите од детскиот фестивал „Ластарчиња” од Кавадарци
Солистите од детското фестивалче „Ластарчиња” од Кавадарци редовно добиваат награди за пеење на меѓународни натпревари, а најнов успех претставува освоеното прво место од публиката за солистот Марија Мишева, на Меѓународниот детски фестивал во Ужице, Република Србија, информираше денеска Стефка Саздовска, уметнички директор на Фестивалот.
- Претходно се закитивме и со првата награда од стручното жири на меѓународниот фестивал „Златно јаболче” кој се одржа во градот Ќустендил, Бугарија.Таму бевме гости вторпат, се пееше во живо. Нашата млада интерпретаторка Радица Милошева ги освои симпатиите на присутните и предизвика бура од аплаузи. Доби диплома, плакета и награда. Веќе доби покана за настап и од организаторите на детски фестивали во бугарските градови Софија и Варна. Учествувавме и на меѓународен детски фестивал во Нови Травник во Босна и Херцеговина, појасни Саздовска.
Таа додаде дека како детски фестивал постојат 3 години и претставуваат расадник за млади таленти од 6 до 13 години. За овој период под логото „Ластарчиња” застанале околу 120 солисти и околу 500 хористи.
Ново на Сител
-
ОН: Еден од најсмртоносните денови за цивилите во Украина годинава
-
ЦУК: Пожар во куќа кај катлоновско Блаце
-
Студенти од Ниш утре пеш тргнуваат за Белград
-
Во Париз демонстрации за женски права
-
24-годишник осомничен за продолжено семејно насилство врз жена и деца
-
Демонстрантките во Турција на Меѓународниот ден на жената бараат заштита од семејно насилство
-
Телефонски разговор Рубио-Сибиха: Трамп сака да стави крај на војната
-
Гостиварец полово ја вознемирувал малолетната ќерка на неговата вонбрачна сопруга