Меѓународната заедница бара итна обнова на преговорите за Кипар
Меѓународната заедница ги засилува дипломатските напори за излез од ќорсокакот по пропаѓањето на преговорите за обединување на Кипар, наведува кипарскиот весник на грчки јазик „Филелефтерос“, која тврди дека наскоро на островит ќе пристигнат повеќе странски високи претставници.
Од понеделник почнуваат средбите на специјалниот претставник на ОН за Кипар, Еспен Бард Ајде со лидерите на грчката и турската заедница Никос Анастасиадис и Мустафа Аканџи, а во вторник во Никозија пристигнува и британски министер за надворешни работи Борис Џонсон.
Посета, која предизвика вознемиреност во Никозија, е онаа на турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу, кој денеска престојува во Северен Кипар.
Властите во Никозија се во очекување да слушнат „какви наредби“ ќе добие лидерот на кипарските Турци од претседателот на Турција Реџеп Тајип Ердоган, наведува „Филелефтерос“.
Весникот „Симерини“ пак тврди дека Владата на Кипар започнала иницијатива за информирање на странските лидери за текот на преговорите за решавање на кипарското прашање.
Весникот објави резултати од социолошко истражување за ставоот на Кипарците по неуспехот на преговорите меѓу Анастасиадис и Аканџи во Швајцарија.
Според анкетата, дури 65 отосто од испитаниците сметаат дека обидувањето на островот нема да се случи во блиска иднина.
Весникот „Политис“ пак тврди дека меѓународната заедница сака обновува на преговорите без да се губи време, наведувајќи дека во тоа активна улога има и потпретседателот на САД, Џо Бајден кој во средата имла телефонски разговори со двајцата кипарски лидери.
Весникот тврди и дека има предлог преговорите за се водат на две нивоа - меѓу Анастасиадис и Акнаџи, како и меѓу Грција и Турција.
Лидерите на грчката и турската заедница ќе преговараат за најтешката тема во рамките на кипарското прашање - територијалното разграничување во идната федерација на островот.
Атина и Анкара од своја страна би требало да се договорат за спорните безбедносни прашања, бидејќи Турција сака и по обединувањето на островот, нејзините воени сили да останат во Кипар како гаранција за безбедност., со што не се согласува Грција.
Интензивните преговори за обединување на Кипар, кои траеја 18 месечни, завршија со неуспех во швајцарското одморалиште Мон Пелрен, откако Анастасиадис и Акинчи не успеаја да ги надминат разликите околу предлозите на ОН.
Ново на Сител
-
Вучиќ: Тајван е Кина и точка
-
Одбележување на годишнината од масовното убиство во Мало Орашје и Дубона
-
Во Пустец откриена спомен-биста на Гоце Делчев
-
Во црквата „Св. Спас“ одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Тешка сообраќајка во Прилеп: Се судриле камион и мопед, возачот на камионот избегал
-
Нова авиолинија Скопје-Рига-Скопје
-
Кривична пријава против две лица, расчистени 4 кривични дела, одреден притвор
-
За изборите на 8 мај акредитирани 1078 домашни и 770 странски набљудувачи