Меѓународна конференција на Вишеградската Вет + група
Ветеринарна комора на Република Македонија е домаќин на Меѓународната конференција на Вишеградската Вет + група која ќе се одржи денеска и утре во Охрид.
На конференцијата ќе учествуваат претседателот на Федерацијата на ветеринари на Европа (ФВЕ) Рафаел Лагуенс, потпретседателот на ФВЕ Золт Пинтер и претседателите на ветеринарните комори на Словенија, Хрватска, Унгарија, Полска, Чешка, Словачка, Србија, БиХ - Република Српска, Албанија, Бугарија, како и на Баварската ветеринарна комора.
Најавено е присуство и на директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Зоран Атанасов, како и на директорот на Платежната агенција Николче Бабовски.
На конференцијата ќе се дискутираат актуелните проблеми од аспект на епидимиолошката состојба во Европа и прашањата од европската ветеринарна легислатива, но ќе се конкретизира и соработката на членките на Вишеградската ВЕТ + групација.
Претседателот на Ветеринарната комора на Македонија Томислав Николовски ќе потпише билатерален договор со претседателот на Ветеринарната комора на Словенија Ожбалт Подпечан, со што ќе се формализираат односите меѓу двете институции и ќе се утврдат формите на соработка.
Вишеградската вет + група е формирана пред шест години во Унгарија, на иницијатива на Федерацијата на ветеринари на Европа (ФВЕ). Целта е изнаоѓање решенија на специфични проблеми со кои се соочуваат ветеринарите од 13 држави од Источна, Централна и Југоисточна Европа. Остварувањето на целите на оваа група се одвиваат преку носење стратегии за справување со болести кај животните кои влијаат на здравјето кај луѓето (јавно-здравствени аспекти), како и болести кои предизвикуваат огромни економски штети во сточарството (економски аспекти), стратегии за спроведување епидемиолошки мерки, стратегии за обезбедување здравствено сигурна храна за луѓето, утврдување резидуи во храната, контролирање на проблемот на антимикробната резистенција преку рационална употреба на антибиотици во ветеринарната медицина, благосостојбата на животните и други значајни прашања од доменот на ветеринарната медицина.
Групата работи и во делот на регулирањето на ветеринарната професија согласно европските стандарди, на советување и лобирање кај надлежните органи на европско ниво (Европска комисија и Европски парламент), на изготвување легислатива и примена на стратегии во областа на ветеринарната медицина, сточарското производство и индустријата за храна.
Ново на Сител
-
80 години слободно Скопје
-
Прес конференција на опозицискиот лидер
-
Продолжува судењето за двојното убиство
-
Средба Сиљаноска – Радев во Баку
-
Азески: Банките да пуштат пари
-
Контролирани пожари - Можат ли да помогнат со справувањето на шумските пожари
-
Модерното време штетно влијае на правилен раст и развој
-
Преглед на вестите од светот