Меѓународен театарски фестивал „Скупи“ во МКЦ
Со театарските претстави „Шопинг и факинг“ од Косово и „Крај на љубовта“ од Словенија, вечер на сцената на Младинскиот културен центар во Скопје, ќе започне деветтото издание на Меѓународниот театарски фестивал „Скупи фестивал“.
Прочуениот тескт „Шопинг и факинг“ на Марк Равенхил е првата драма во историјата на театарот кој станала позната по својот наслов. Напишана во 1996 година, како дел од театарското движење “In your face theater”. Преведена е на повеќе светски јазици, а режисерот Фатос Бериша за прв пат ја поставува на албански јазик како копродукција на Националниот театар на Косово и Урбан театар Приштина.
Овој текст често е опишуван како шокантен наратив за моралот во неморални времиња, уникален сценски портрет за дехуманизирана генерација на младите, распаднатипоради социјалната и економска злоупотреба.
„Крај на љубовта“ на режисерот Ивица Буљан, во копродукција на Мини Театар и Местно гледалиште Птуј - Словенија, Ново казалиште и Задар снова – Хрватска, е емотивна драма за крајот на љубовта на двојка која се обидува да ја заврши својата приказна.
Актери, Пиа Земљиќ и Марко Мандиќ, кои се заедно и надвор од сцената, ќе стават крај на својата љубовна врска на сцена. Водени од гнев и силата на разделбата, преку говор и движење двајцата актери ќе подигнат бодликава жица меѓу себе и ќе се обидат да се спасат од виорот во кој се вовлечени и во кој се вовлекуваат меѓусебно.
Ново на Сител
-
Шеќеринска избрана за Заменик генерална секретарка на НАТО
-
Украина го искористи оружјето на САД
-
Тензична расправа во Собранието за Предлог буџетот за 2025 година
-
Падна одлука: Од следниот месец повисоки плати за сите вработени во здравството
-
Бизнисот бара брзи пруги и патишта, Владата вети – ќе градиме!
-
Најзагадениот град во светот ги полни амбулантите со пациенти
-
Врсничкото насилство е најчесто меѓу основците, оваа година стигнале 30 претставки до омбудсманот
-
Хаос во јавните претпријатија во Скопје