Македонија
26. September 2015 - 19:52

Меѓународен фестивал на тетовскиот театар од 28 септември до 3 октомври

Од понеделник 28 септември до сабота 3 -ти октомври во големата сала на Центарот за култура Иљо Антески Смок ќе се одржи четвртото издание на Меѓународниот фестивал на тетовскиот театар, информираше на денешната прес-конференција директорот на Тетовскиот театар Ваљмир Азири. Пред тетовската публика во шесте фестивалски денови ќе настапат шест театри од земјава и од регионот.

- Отворањето на фестивалот ќе биде со претставата „Доктор Шустер“ во изведба на театарот А.З. Чајупи од Корча, Албанија, на текст од Душан Ковачевиќ, а во режија на Чендрим Ријани. За вторник е предвиден настап на театарот од Враца, Бугарија со претставата „Татко“ на текст од Алан Стриндберг и во режија на Љупчо Ѓеорѓиевски. Драмата  „Буре Барут“ од Дејан Дуковски и  во режија на Наташа Поплавска, а во изведба на театарот Војдан Чернодрински од Прилеп е на програмата во среда додека во четврток театарот Центар Мултимедија од Приштина, Косово, со претставата „Војна во времето на љубовта“ по текст на Јетон Незирај а во режија на Блерта Незирај. Во петок ќе биде изведена претставта „Под маса“ од страна на албанскиот театар од Скопје и во режија на Билге Емин, а фестивалот ќе заврши со настап на домаќините Тетовскиот театар со претставата „Кујнинте“ од авторот Алан Ацукбоурн, а во режија на Илир Бокши, изјави Азири.

Тој посочи дека најдобрата претстава на четвртото издание на Меѓународниот фестивал на тетовскиот театар ќе биде избрана според гласовите на публиката. Селекторот на фестивалот актерот Бајруш Мјаку рече дека програмата е разновидна од светски познати автори како Стриндберг, Ковачевиќ и Дуковски до автори од регионот што веќе се познати и надвор од него како косовецот Незирај. Тој најави дека за следното издание доколку бидат обезбедени соосдветни финасии фестивалот има намера да прерасне во балкански театарски фестивал  при што на него би учествувале националните театри од сите балкански земји.