Меган Фокс стана мајка по третпат
Убавата актерката Меган Фокс по третпат стана мајка. Странски медиуми јавуваат дека третото бебе се родило на 4 август и се работи за момче, на кои гордите родители му дале име Џорни Ривер Грин..
Во април оваа година, актерката Меган Фокс ја изненади јавноста кога на еден црвен килим во Лас Вегас се појави со труднички стомак.
Имено, таа и нејзинот сопруг Брајан Остин Грин, неколку месеци пред тоа објавија дека се разведуваат па на никој не му беше јасно кој е таткото на детето. Само неколку дена потоа, се дозна тоа бил Брајан и покрај раскинувањето.
- Секако дека Брајан е таткото. Никогаш не престанаа да се сакаат и секогаш ќе бидат посветени родители на своите деца, но моментално немаат никакви одредени планови за иднина, откри тогаш извор близок на актерите.
Двојката веќе има тригодишен син Ноа и двегодишниот Боди.
Нивната љубовна врска започна во 2004 година, а во брак се пет години. Непознат извор откри дека двајцата работат на себе и се обидуваат да го спасат бракот. Меѓу нив има разлика 12 години.
Ново на Сител
-
Велика Сабота - денот меѓу смртта и воскресението
-
Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Посебен сообраќаен режим денеска во Скопје
-
Русија тврди дека Украина го нападнала Крим со американски ракети
-
СЗО: Копнен напад врз Рафа ќе доведе до крвопролевање
-
Четириесет и четири години од смртта на Јосип Броз Тито
-
Состојба на патиштата
-
Променливо облачно со повремени врнежи од дожд