-->
-->
Меџити: Локацијата во Битола сега има околу 50 диви депонии, идејата е да се направи една што ќе нема негативни ефекти врз животната средина
-->
Локацијата во Битола сега има околу 50 диви дипонии, а проектот предвидува една нова локација во рамки на директивите на ЕУ, во близина на РЕК Битола. Средствата се добиени и нема негативни ефекти врз животната средина, изјави вицепремиерот и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити.
Одговарајќи на прашање од пратеничката Бисера Костадиновска Стојчевска од СДСМ, Меџити рече дека идејата е за пристап до оваа депонија да се изгради нов пат, што нема да минува низ Битола.
- Ова е прва фаза, и треба сите да собереме сили и средства да влеземе во втора и трета фаза, што значи и рециклирање. Нема ништо да се направи што не е во интерес на граѓаните, порача Меџити.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Teма на денот со Кристина Костова, потпретседателка на СДСМ
-
Преглед на вестите од светот
-
Судот одреди куќен притвор за скопјанецот кој со мотор го усмрти Југослав – Обвинителството вложи жалба
-
Пеколните горештини причина за колапси и сообраќајни несреќи
-
Гази Баба неколку дена без вода, градоначалникот најавува кривична пријава
-
Наместо данок за невенчани, владата да обезбеди повисоки плати и подобар стандард, велат од Реактор
-
Утре ВМРО-ДПМНЕ ќе го објави кандидатот за градоначлник на Скопје
-
СДСМ: Дебакл на надворешна политика