-->
-->
Меџити: Кастриот Реџепи ќе работи заедно со пратеничката група на ДУИ
-->
Градоначалникот на Сарај, Блерим Беџети и пратеникот Изет Меџити, кои се дел од членовите на ДУИ кои бараат промени во партијата, викендов се сретнале со независниот пратеник Кастриот Реџепи.
Фотографија од средбата споделија на „Фејсбук“ со хаштаг „заедно“ без подетални информации.
Меџити денеска за телевизија 21 изјави дека Кастриот Реџепи ќе се приклучи кон пратеничката група на ДУИ во Собранието.
– Една фотографија е еднаква на 1 000 збора. Пораката е јасна. Да, ќе дејствува со пратеничката група на ДУИ, изјавил Меџити.
Пратеникот Кастриот Реџепи за дел од медиумите изјавил дека ќе биде достапен по четврток. Реџепи досега функционираше како независен пратеник во Собранието, по исклучувањето од Движењето Беса.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Парламентарна кампања
-
Тема на денот со Мирче Адамчевски, новинар, аналитичар
-
Преглед на вестите од светот
-
ВМРО-ДПМНЕ и Вреди се поблиску до владина коалиција
-
Продолжува претседателската кампања
-
Продолжува парламентарната кампања
-
Детектор: Близу 60% од граѓаните ќе гласаат на изборите - кампањата не влијаела на нивната одлука
-
23 години од масакрот кај Вејце