Медведев: Референдумите завршија, резултатите се јасни, добредојдовте дома, во Русија
Заменик-претседателот на рускиот Совет за безбедност Дмитриј Медведев изјави дека резултатите од референдумот во Донбас, Запорожје и Керсон се сосема очигледни и им посака добредојде на жителите од овие региони во Русија.
„Референдумите завршија. Резултатите се јасни. Добредојдовте дома, во Русија“, напиша Медведев на „Телеграм“.
Според последните податоци по пребројувањето на сите гласови, припојувањето на Херсон кон Русија го поддржале 87,05 отсто од гласачите, објави изборната комисија.
Изборната комисија на Луганската народна република по пребројувањето на сите гласови соопшти дека 98,42 отсто го поддржале приклучувањето кон Русија. Во регионот Запорожје, 93,11 отсто од граѓаните го поддржале приклучувањето кон Русија,пренесуваат медиумите.
Ново на Сител
-
Удрен пешак во Скопје
-
Повредени две деца и две жени, возач удрил во нивното возило и избегал
-
Нов голем напад на руските сили врз украинската енергетска инфраструктура
-
Од утре попладне пороен дожд и грмежи
-
Приведен дилер во Куманово
-
Приведен крадец во Маџари
-
Мицкоски најави прва инвестиција во вторник
-
Почна пленарната седница за избор на владата