Бошава: Можно заматување на водата за пиење во Демир Капија поради дождовите
Можно е заматување на водата за пиење во Демир Капија поради дождовите, да се преврива пред употреба за пиење иако ги исполнува потребните стандарди, известија попладнево од демиркапиското јавно комунално претпријатие „Бошава".
- Се известуваат граѓаните на Демир Капија и околните села, поради обилните дождови може да дојде до заматување на водата за пиење, пожелно е да се проврива водата пред употреба за пиење. Според последните анализи водата ги исполнува стандардите за вода за пиење, напишаа на нивниот Фејсбук профил, упатувајќи благодарност за разбирањето.
Заматена е водата за пиење поради дождовите во Кавадарци, од јавното претпријатие ,,Комуналец" завчера информираа дека водата мора да се преврива пред пиење.
- Известуваме дека поради временските услови и обилните врнежи на дожд, големата количина на вода која се слева во изворите Лукар предизвика заматување на водата во истите. Затоа е препорачливо водата, доколку се користи за пиење, задолжително да се преврива. Се надеваме дека во брзо време ќе се стабилизираат временските услови и ќе дојде до избистрување на водата, соопштија од ,,Комуналец", на нивната Фејсбук страница.
Оттаму посочија дека за секоја промена, населението ќе биде навреме известено.
Ново на Сител
-
Гужви на граница
-
Коцевски: Истрагата за пожарот во Кочани мора да заврши во законски предвидениот рок од 90 дена, односно до 16-17 јуни
-
Фатен бегалец од затвор, четири години бил во бегство
-
Уапсен е гевгеличанецот кој со месеци демнел семејство од Скопје
-
23-годишен штипјанец се обидел со секира да ја нападне сопствената сестра
-
Песков: Договорот за прекин на војната со Украина не е можно брзо да се постигне
-
Трамп: Би сакал јас да бидам папа
-
42-годишен кавадарчанец ограбил 11 куќи и викендици за пет месеци