Тенис
8. July 2023 - 20:15

Медведев и Алкараз во осминафиналето на Вимблдон

Рускиот тенисер Даниил Медведев се пласираше во осминафиналето на Вимблдон откако го совлада Унгарецот Мартон Фушовиќ со 4:6, 6:3, 6:4, 6:4.
Третиот светски тенисер до победата против 67. на АТП листата стигна по три часа и четири минути игра.
Најдобриот светски тенисер Карлос Алкараз исто така се пласира во следната рунда откако со 3-1 го совлада Чилеаниецот Николас Јари. 
Учество во осминафиналето обезбедија уште и Лехецка, Циципас и Јубанкс. 
На женскиот турнир Петра Квитова во два сета славеше против талентираната Српска тенисерка Стевановиќ.