-->
-->
Медведев го елиминира Зверев од Индијан Велс
-->
Рускиот тенисер Данил Медведев по голема борба успеа да слави во три сета против Александар Зверев и се пласира во четвртфиналето на мастерсот во Индијан Велс каде за противник ќе го има Александар Давидович – Фокина кој беше подобар од Кристијан Гарин со 2-0 во сетови.
Најинтересниот дуел од осминафиналето заврши со 6-7, 7-6 и 7-5 по цели три часа и десет минути и Медведев дојде до 7-та победа во меѓусебните дуели со Зверев од кој има и 6 порази.
Пласман во следната рунда кај мажите обезбедија уште и Тиафо, Алкараз, Оже Алисием и Синер.
Кај дамите блесна искусната Петра Квитова која во голема борба и тај-брејк во третиот сет славеше во дуелот со Американката Пегула.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Завршен митинг на СДСМ
-
Завршен митинг на СДСМ
-
Завршен митинг на ВМРО-ДПМНЕ
-
Завршен митинг на Влен
-
Последен ден за кампања - пораки на кандидатите
-
Парламентарни избори 2024
-
Седница на ДИК за приговори од граѓани за лично избирачко право
-
Производителите на зелка бараат обештетување поради ниската откупна цена