Медојевиќ: Ѓукановиќ сака да ја ердоганизира Црна Гора
Еден од лидерите на црногорскиот Демократски фронт, Небојша Медојевиќ, кој се забарикадира во Собранието откако му е укинат пратеничкиот имунитет, во интервју за виенскиот весник „Стандард“ ја обвинува власта, пред се лидерот на Демократската партија на социјалистите, Мило Ѓукановиќ дека сакаат да го спречат да зборува за корупција и криминал.
Тој тврди дека власта сака да ги криминализира и елиминира лидерите на опозицијата.
- Ѓукановиќ сака да ја ердоганизира Црна Гора, посочи Медојевиќ.
Тој најави дека ќе остане во просториите на пратеничкиот клуб се додека врховниот обвинител Ивица Станковиќ не ги примени законите и го информира дека нема да биде уапсен.
- Што се однесува на судењето, секако дека сум подготвен да се појавам пред суд, наведе Медојевиќ, кој е обвинет за перење на пари.
Тој тврди дека обвинението е целосно исценирано и апсурдно.
- Мојот возач е осомничен за перење на пари бидејќи менуваше долари во евра. Потеклото на парите е решено, сите документи се поднесени. Државниот обвинител Миливое Катниќ ја злоупотреби положбата за да изврш репресија над мене. Треба да ме спречат јавно да зборувам за корупција и организиран криминал, тврди Медојевиќ.
Ново на Сител
-
Пратени писмата кон 22 потенцијални кредитори за финансирање на брзата пруга
-
Владата наскоро со мерки против високите цени
-
Мицкоски: Бугарија да прифати средба во ХАГ
-
Шведски тим од социјални работници и пожарникари се солидаризира за кочанчани
-
Прилепското поле месец и половина без капка вода поради дефект на хидросистемот
-
Ротари клубот Струмица донираше медицинска опрема за одделението за педијатрија во струмичката болница
-
Преглед на вестите од светот
-
Се прават напори за средба меѓу македонската и бугарската делегација во ХАГ