Медиумски магнат и поранешен стендап комичар бара 10 милијарди долари оштета од McDonald`s
Медиахолдингот Allen Media Group во сопственост на Бајрон Ален, поранешен стендап-комичар а сега продуцент и медиумски магнат, соопшти дека го тужи McDonald`s, ланец ресторани за брза исхрана. Компанијата бара исплата од 10 милијарди долари поради „расна дискриминација во нарушување на федералните закони”.
Во тужбата се наведува дека фаст фуд рестораните покажувале предрасуди во политиката за рекламирање, односно одбивале да склучат договор за реклама со медиумската компанија Entertainment Studios и ТВ каналот The Weather Channel, вклучени во Allen Media Group.
-При годишен рекламен буџет од 1.6 милијарди долари, компанијата троши само 5 милиони долари за рекламни договори во медиуми чии сопственици се Афроамериканци, се вели во соопштението по повод тужбата.
Тужителите на тој начин укажуваат дека одлуките за рекламирање на фаст фуд ланецот се засновани на „расни стереотипи” и поттикнуваат расна дискриминација.
McDonald`s за американските медиуми соопшти дека ќе одговори на тужбата во судска расправа, додавајќи дека оттаму веќе ги менуваат позициите со „значајно зголемување на буџетите за реклама во медиумите во сопственот на етничките групи”.
Меѓудругото, во наредните четири години McDonald`s планира за два и пол пати да ги зголеми трошоците за рекламни договори со медиумски компании на Афроамериканци.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Диме Велев, претседател на Сојуз на здруженија на дијабетичари
-
Трајановски најавува градежна офанзива во патната инфраструктура
-
Трет ден комисиска расправа за предлог-буџетот за 2025 година
-
Мицкоски ги повика банките на општествена одговорност
-
СДСМ: Власта ја партизира АЕК
-
Мицкоски: Нема да има отстапки во позициите за ЕУ перспективата
-
Четвртина од населението во државата не знае дека има дијабет
-
Зголемен бројот на деца со тешкотии при читањето