Медицинска сестра обвинета за примање награда за противзаконито влијание
Jавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен предлог против едно лице за кривично дело „примање награда за противзаконито влијание“ од член 359 став 1 од Кривичниот законик.
Обвинителот до Основниот кривичен суд Скопје доставил и предлог за опеределување мерки на претпазливост за обвинетата, односно забрана за напуштање на домот и за преземање определени работни активности кои се поврзани со кривичното дело.
Како што се наведува во соопштението од ЈО, обвинетата, на возраст од 54 години, во периодот од 23 до 28 септември 2020 година, како медицинска сестра на Универзитетската клиника за ортопедија при ЈЗУ ТОАРИЛ, од син на пациентка која требало да се оперира, побарала 300 евра, бонбониера и пијалок, наводно како награда за докторите што ја извршиле операцијата.
– Наградата ја побарала со порака испратена до член на семејството на пациентката. Откако и биле дадени 300 евра, таа 150 евра задржала за себе, а ќесата со останатите 150 евра, бонбониерата и пијалокот ја предала на двајцата доктори, без да им каже зошто им ги дава. Кога докторите виделе што има во ќесата, настанот го пријавиле во полиција, се наведува во соопштението.
Ново на Сител
-
Агенцијата на ОН за помош на Палестинците УНРВА одби да се евакуира од Рафа
-
Тешко повреден 74 годишен велосипедист во сообраќајна несреќа во Охрид
-
Значаен пад на цените на нафтата минатата недела
-
Триесет и три години од загинувањето на Сашко Гешовски од Кавадарци, прва жртва при распадот на Југославија
-
Утре посебен режим на сообраќај во Скопје поради Денот на полицијата
-
Еден потешко повреден во експлозија во зграда во Турција
-
Галески: Сигурно е само дека Македонија ќе биде повторно твоја
-
Скопјанец и двајца штипјани нападнати во угостителски објект во Кавадарци