Мечкин Камен прогласен за значајно културно наследство
Споменикот Мечкин Камен во Крушево, синонимот на Крушевската Република и на херојството на востаниците, се прогласува за значајно културно наследство со што овој локалитет соодветно ќе се одржува и инфраструктурно ќе се зачува. Ова е на иницијатива на крушевската локална самоуправа.
Со решение, Министерството за култура го прогласува споменикот за значајно културно наследство со заштита од трет степен откако до него беа доставени Елаборат за валоризација на споменикот на културата „Мечкин Камен“ како и предлог за донесување акт за прогласување на значајно културно наследство.
– Во таа смисла валоризацијата на доброто и предлогот се во функција на дефинирање на јавниот интерес за негова заштита, а со тоа и целосно подведување под дејство на прописите за заштита на културното наследство, стои во решението за прогласување на Мечкин Камен за значајно културно наследство.
Според крушевскиот градоначалник Томе Христоски, досега овој значаен историски локалитет вопшто не бил регулиран.
– Со тоа не можеше да се одржува за дополнително да го испочитуваме нашето славно минато илустрирано во споменикот. Успеавме да издејствуваме овој локалитет да се регулира и да се заштити со што Министерството за култура го донесе ова решение. Овој споменик е изграден во 1983 година, а наша цел е вечно да биде симбол на Крушево, вели Христоски.
Ново на Сител
-
Манастирот во Вељуса преполн со верница за празникот Мала Богородица
-
Преглед на вестите од светот
-
Чудотворната икона „Пресвета Богородица Троерачица“ донесена во Скопје
-
Тема на денот со проф. д-р Драган Даниловски, епидемиолог
-
Чудотворната икона Пресвета Богородица Троерачица донесена во Скопје
-
Модуларни болници прокиснуваат, скапи апарати со години неотпакувани!
-
Преглед на вестите од светот
-
Обвинетите не се чувствуваат виновни за убиствата на Вања и Панче, за Палчо случајот е политичка наредба