Мечка заглавена во бачило на Шар Планина е успешно спасена
Од Националниот парк Шар Планина известија дека по дојава на локален жител од село Бозовце дека во неговото бачило е заглавена мечка, од Националиот парк Шар Планина заедно со стручни лица од Јавната Установа Зоолошка градина на град Скопје организираа акција за ослободување на животното.
- Возрасниот мажјак кој беше заглавен во сајла околу 10 часа, беше изморен и исплашен, а по 3 часа работа Бозо беше успешно ослободен. Мечките се строго заштитени жители на Шар Планина, а локалното население од планинските села живее во соживот со природата. Упатуваме благодарност до сопственикот на бачилото кој го пријави настанот за да се ослободи мечката. Благодарност и до полициските службеници за напорите да го обезбедат теренот, како и до сите други надлежни институции со кои се координираше акцијата, информираа од Националниот парк.
Ново на Сител
-
14 загинати, меѓу нив и Македонец при уривање на бетонска конструкција на железничката станица во Нови Сад
-
Како да се заштитите од фишинг напади?
-
Тема на денот со Малинка Ристевска Јорданова, експерт за ЕУ
-
По години чекање и живот во сенка, Бадема Барути доби македонско државјанство
-
Рокас: Политичките сили да се обединат за донесување на уставните измени
-
Ѓорѓиев: Дијалог постои, нова средба со историчарите кон крај на година
-
Македонија и Бугарија се договорија за железницата - ќе се ревидира проектот и цената за изградба
-
Обвинителството ќе ги проверува сертификатите на директорот на АНБ