Мбапе се враќа во репрезентацијата на Франција
Напаѓачот на Реал Мадрид, Килијан Мбапе се враќа во репрезентацијата на Франција за претстојното четвртфинале во Лигата на нации против Хрватска.
Тренерот на „петлите“ Дидие Дешан не го повика капитенот за натпреварите во октомври и ноември. Во првиот случај самиот играч побара да не биде вклучен во тимот, но во вториот Дешан реши да не го користи.
Последен пат за француската репрезентација играше на 9 септември против Белгија во Лигата на нации.
Тренерот потврди дека Мбапе повторно ќе го води тимот со капитенската лента.
Во составот се враќа и Аурелиен Чуамени, но искусниот Н’Голо Канте ќе отсуствува поради повреда на мускулот.
Првиот повик во сениорскиот тим го прими 19-годишниот напаѓач на Пари Сен Жермен, Дезире Дуе. Во дел од проширениот состав е и Маркус Турам, иако и самиот призна дека има проблеми со глуждот речиси еден месец.
Првиот меч е во Сплит на 20 март, а три дена подоцна реваншот е на „Стад де Франс“.
Ново на Сител
-
Десетици илјади на протест во Белград - 15ти за 15те
-
Мицкоски: Ги следиме случувањата во Србија
-
Тема на денот со Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи
-
Диви депонии
-
Десетици илјади на протест во Белград - 15ти за 15те
-
Спасувачка акција на Мавровскo езеро
-
Почина мотоциклист по тешката сообраќајка во Влае - моторот преполовен на два дела
-
Мицкоски: Без разлика дали ми се допаѓаат или не, нема да коментирам судски одлуки