Мбапе ќе го напушти ПСЖ на лето
Суперѕвездата на Пари Сен Жермен, Килијан Мбапе му кажал на претседателот на клубот Насер Ал-Хелаифи дека сака да го напушти „Паркот на принцовите“ како слободен играч на лето, според сите водечки експерти за трансфери во Западна Европа.
Како што е веќе познато, договорот на Мбапе со клубот е до крајот на оваа сезона, но со опција за продолжување за уште една, а за возврат играчот би добил огромна сума на пари во форма на плата и бонуси. Сепак, напаѓачот е решен конечно да го напушти ПСЖ по повеќегодишни шпекулации околу неговата иднина, одржувајќи го ветувањето кон Ал-Хелаифи дека тој ќе биде првиот што ќе дознае за неговиот избор дали да остане со францускиот шампион и следната сезона.
Не е јасно кој ќе биде следниот клуб на францускиот интернационалец, но најверојатно тоа е Реал Мадрид, кој во неколку наврати во минатото беше блиску до негов потпис. Сепак, пред да се впушти во својата нова авантура, Мбапе ќе има за цел да му ја донесе на ПСЖ дванаесеттата титула во Франција, како и првиот трофеј во Лигата на шампионите.
Досега оваа сезона, 25-годишниот играч има 31 гол и 7 асистенции на 31 натпревар во сите натпреварувања.
Ново на Сител
-
МВР: Постојат основи на сомневање за можниот сторител на убиството во Тетово
-
На Табановце за влез и за излез во земјата се чека половина час
-
Побарани обдукција и снимки од видеонадзор за убиството во Тетово
-
Сончево и топло со мала локална облачност
-
Поскапуваат патарините во Србија
-
Возило со 12 кг марихуана од Македонија влегло во Србија
-
ЦУК: Седум пожари и 1.837 повици на 112 во последното деноноќие
-
СДСМ: Минималната плата мора да продолжи да расте, го поддржуваме ССМ во барањата