Мажите не изневеруваат поради секс
Откако постои моногамијата, постои и изневерувањето на партнерот. Што ги наведува луѓето на впуштање во сексуални активности надвор од врската или бракот, особено мажите?
Психотерапевтот Гери Њумен смета дека ја пронашол главната причина поради која мажите се неверни, а таа нема никаква врска со сексот, ниту со физичката привлечност.
Њумен врз основа на анкетата, во која учествувале 200 неверни мажи дошол до несекојдневен заклучок - главна причина за неверството е емоционалната неисполнетост.
Тој врз основа на ова сознание заклучил дека припадниците на машкиот пол се почувствителни, отколку што тоа денес се смета. Доколку не добиваат доволно емоционално внимание во моменталната врска, тие едноставно ќе бидат принудено тоа да го побараат на друго место.
Според собраните податоци 48 отсто од мажите своето неверство го оправдале со емотивното незадоволство, додека 40 отсто се обиделе тоа задоволство да го пронајдат на работното место, поради фактот дека колегите почесто им даваат комплименти за нивните успеси.
Психотерапевтот нагласува дека физичката привлечност игра улога во поттикнувањето на неверството, но не толку голема како што досега се мислело. Според податоците на Њумен, дури 88 отсто од мажите ја изневерувале партнерката со помалку атрактивна жена.
Шеесет и осум отсто од испитаните мажи почувствувале грижа на совест по неверството.
Ново на Сител
-
Македонец совлада патник кој се заканувал
-
71-годишен кумановец загина во сообраќајка при судар со товарно возило
-
Кривична пријава против две лица од Велешта кои му се заканувале на пратеник од Струга
-
ЦУК: 15 пожари на отворен простор, девет активни и шест под контрола
-
Од ноќеска нестабилно со пороен дожд и грмежи и услови за краткотрајно невреме, особено во четврток
-
Митевски: Најдоцна до крајот на септември зонско паркирање во Ново Лисиче и Реонски центар
-
Поевтинуваат бензините и дизелот
-
Повторно поставен споменикот на Андон Лазов-Ќосето