Маж со пластична пушка предизвика паника во Рим
Маж со пластична пушка в рака синоќа предизвика паника во Рим и евакуација на главната железничка станица Термини, објавија италијанските медиуми.
- Полицијата на станицата Рим-Термини доби повик за присуство на вооружен маж. Зоната на железничката станица беше евакуирана, соопштија италијанските државни железници.
Медиумите подоцна објавија снимка од безбедносна камера на која е забележан маж со црно палто, сини панталони и бел качкет, кој носи предмет што наликува на пушка, која е свртена надолу. Тој бил пријавен од една патничка во метрото на три станици пред Термини, а потоа и на самата железничка станица. Мажот бил уапсен еден час подоцна со пластична пушка в рака, симнувајќи се од воз во Анани. Брзо потоа железничкиот сообраќај повторно е воспоставен.
Термини е најголемата железничка станица во Италија, во која секојдневно минуваат илјадници патници.
Ново на Сител
-
Тема на денот со проф. д-р Весна Мојсова Чепишевска
-
Од Крива Паланка до Куманово ќе се патува 40 минути
-
Нефер трговските практики ќе се казнуваат до 20.000 евра
-
Што ќе одлучи Бугарија по одлуките на Стразбур?
-
До крајот на јануари ќе почне примена на Законот за употреба на македонскиот јазик - Има ли државата капацитет?
-
Илјадници лица со оштетен вид не го познаваат Брајовото писмо – Недостаток на образовниот систем
-
Ветерот и снегот малку го исчистија воздухот – синоќа Скопје беше најзагаден град во светот
-
Струмица и понатаму меѓу најзагадените градови