Матис пристигна во Владата на разговори со Заев и Шекеринска
Американскиот секретар за одбрана Џејмс Матис претпладнево пристигна во Владата на средба со премиерот Зоран Заев и вицепремиерката и министер за одбрана Радмила Шекеринска.
Матис со највискоки државни и воени почести беше пречекан пред Владата од Заев, Шекериска и други владини претставници.
По разговорите на двете делагации предвидени се заеднички изјави на Заев, Матис и Шекеринска.
Американскиот секретар за одбрана допатува изутрината на Меѓународниот аеродром Скопје, и по пречекот од министерката Шекеринска и амбасадорот Џес Бејли, замина во Владата на средба со премиерот Зоран Заев.
Матис во пресрет на посетата на Македонија најави дека доаѓа да изрази јасна поддршка за претстојниот референдум за прашањето за името, но и загриженост поради можното мешање на Русија во процесот.
- Ќе одам да ги посетам нашите македонски пријатели и јасно ќе ставам до знаење дека САД го поддржуваат македонскиот народ, рече Матис во изјава за новинарите во Пентагон.
Матис истакна дека е загрижен дека Русија би можела да се обиде да се вмеша во референдумскиот процес во Македонија.
Џејмс Матис е првиот американски секретар кој ја посетува Македонија во изминатите 14 години.
Ново на Сител
-
Изгласана недоверба на членовите на Судскиот совет, но за заминување од функциите одлучуваат самите
-
Поради дефект без вода селата Батинци и Љубош
-
Сончево и топло со мала до умерена облачност
-
Обвинителство бара од полицијата да провери информации за наводен контакт меѓу Универзитетот и Воениот синдикат во Белград
-
Тешка сообраќајка вечерва во Влае
-
Полиција за разбивање демонстрации пред Пионирски парк во Белград
-
Илјадници луѓе се собираат во Белград за утрешниот протест
-
Зеленски: Американски сателити може да гарантираат примирје во Украина