Маск: Имиграцијата не може да го реши падот на населението
Имиграцијата не може да го реши падот на населението во индустријализираните земји, изјави денеска Илон Маск, бизнисмен и сопственик на платформата Х, на политичкиот состанок Атреја, организиран од партијата Браќа на Италија, на чие чело е премиерката на оваа земја, Џорџа Мелони.
Маск ја наведе Кина како пример, тврдејќи дека земјата ќе изгуби 40 отсто од населението, пренесува Анса.
- Мојот совет до светските лидери и сите луѓе е да се погрижат да имаат деца за да создадат нова генерација, рече сопственикот на „Тесла“, предупредувајќи дека културите на земјите како Италија, Франција и Јапонија се изложени на ризик да исчезнат.
Една од главните цели на владата на Мелони е да го врати падот на населението во Италија, а нацрт-законот за буџетот за 2024 година содржи неколку мерки за поддршка на семејствата со деца.
Илон Маск нагласи дека Италија е добра земја за инвестиции, но дека компаниите се прашуваат дали има доволно луѓе за работа.
Маск, инаку, има единаесет деца со три различни жени.
Ново на Сител
-
Пожарот во Националниот парк Дрина се шири и се приближува до куќи
-
Со возило на авто-школа удрен па истепан малолетник, а потоа нападната и неговата мајка
-
Воздухопловен ВИНГ - 32 години во служба на државата и гарант за воздушната независност
-
Мицкоски: Исправени пред нова борба, еднакво значајна како создавањето на татковината
-
Локалните власти прогласија вонредна состојба поради пожарите кај Сребреница
-
Почна свечената академија по повод Денот на независноста - 8 Септември
-
Либија: Уапсен командант на милиција по убиството на криумчар на луѓе
-
Приведен криминалец баран со потерница за казна затвор од три години