Машинско миење улици, мерка на Градот за загадувањето
Градот Скопје во насока на намалување на аерозагадувањето почна со миење на улиците. ЈП „Комунална хигиена“ - Скопје со пет автоцистерни во текот на изминатата ноќ и денеска врши машинско миење на поголемите улици и булевари во градот.
Од Град Скопје информираат дека се мијат и улиците во скопските општини Центар, Аеродром, Гази Баба, Кисела Вода и Карпош.
Булеварите Борис Трајковски, Јане Сандански, Илинден и Партизански одреди, како и улицата Самоилава и други улици, исто така, се чистат и со четири специјални комунални возила – метлачки.
Во текот на целиот денешен ден, вкупно 215 работници вршат рачно метење и собирање на отпадоците, како и расчистување на остатоците од снегот и мразот на плоштадите „Македонија“, „Пела“ и ВМРО, се чисти Старата Чаршија, пешачките патеки и тротоарите на поголемите булевари, раскрсници и на мостовите: „Гоце Делчев“,„Око“,„Слобода“, Камениот мост, Мостот на уметноста и Мостот на револуцијата, Кејот 13-ти Ноември, како и пристапите до поголемите институции.
ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје ќе продолжи машински да ги мие улиците и во текот на ноќта.
Ново на Сител
-
Андоновски: Ќе се ревидира упатството за постапување на училиштата при хибридни закани
-
Во сообраќајка кај Струга повредени четири лица, од кои тројца се полицајци
-
По апсењето на градоначалникот на Тирана, опозицијата бара оставка на Рама
-
Владата на Србија тврди дека ги исполнила сите барања на студентите
-
За градоначалникот на Тирана, затворски, за сопругата, која е надвор од земјата, куќен притвор
-
Трамп: Палестинците ќе добијат нови домови, но не во Газа
-
Пожар во куќа во скопско Нерези
-
Во Центар три лица влегле во соблекувалните на спа центар, празнеле паричници